Балканот во исчекување: VW во октомври ќе каже каде ќе гради фабрика

ОБЈАВЕНО НА:

Се чини дека цела вечност трае потрагата на Volkswagen за идеална локација за нивната нова фабрика. Веќе една година вработени во оваа компанија евалуираат и преговараат со повеќе држави.

Пред само два месеци сите медиуми, вклучувајќи ги и германските пишуваа дека новата фабрика ќе се гради во Турција, но од Volkswagen Групацијата ги демантираа пишувањата дека е донесена одлука и покрај тоа што раководни лица на компанијата имаа средба со високи функционери на турската влада.

Покрај две локации во Турција сега во тесниот круг се наоѓа и непозната локација во Бугарија, а што се однесува до останатите кандидати, Србија, Романија и Косово се чини дека истите се отпаднати од изборот.

Новата фабрика ќе биде мултибренд и во неа ќе се произведуваат повеќе модели од брендовите на Volkswagen, Skoda и Seat.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK