Во новата фабрика во земјата ќе се вработат дополнителни 2 .000 лица кои ќе работат на производството на новите генерации на Volkswagen Passat и Skoda Superb.
Сагата наречена “нова фабрика” на Volkswagen по речиси три години конечно го доживеа својот расплет.
Балканските земји, пред се Србија, Бугарија и Турција ги користеа сите методи за да ја пирвлечат големата инвестиција на германскиот гигант. Сепак на крајот административците од Волфсбург ја избраа Турција како најповолна локација.
Но воената интервенција на Турција во Сирија предизвика негодување во европскиот политички свет, особено во Германија. Под притисок на јавноста, а можеби и на политичката елита во Германија која отворено му се закануваше на Ердоган, Volkswagen го раскина договорот.
Сега оттаму потврдија дека наведената инвестиција ќе се спроведе во Словачка каде Volkswagen Групацијата поседува неколку фабрики. Во оваа земја ќе се вработат дополнителни 2 илјади лица кои ќе работат на производството на новите генерации на Volkswagen Passat и Skoda Superb.