Автомобилите се на пат да научат како да возат самите, а вестите за сообраќајни несреќи направени од страна на автопилотот веќе станаа речиси нешто нормално. На прагот на оваа нова ера на мобилнсота е многу важно да биде донесено решение како да се нарекуваат новите превозни средства, кои во голем степен се управуваат со помош на компјутери и електроника.
Најчесто во разговорниот јазик се среќаваат две мисли – автоматизирано и автономно управување. Од Tоyоtа cе на мислење, дека безбедноста на патиштата во блиска иднина ќе зависи од точноста на работата на овие два термини.
Тие означуваат две различни нешта, но често се мешаат. Секој од нив крие свој сопствен сет на вештини и каракеристики и го дефинира степенот на самоуправување на автомобилот. И разбирањето на тоа ќе му дозволи на корисникот да ги формулира правилните очекувања за да може автомобилот да ја запази траекторијата според маркираниот дел на лентите и сама да отиде до најблискиот супермаркет.
Така од Tоyоtа ги објаснуваат сосема едноставно овие два термини во само една реченица. Автоматизираните автомобили се тие кои можат самостојно да исполнуваат дел од функциите на возачот, а автономниот автомобил целосно може да го замени возачот.









