Италијанската компанија Aznom Automotive заедно со Camal Studio го финишираа заедничкиот проект за возилото именувано како Aznom Palladium. Станува збор за неконвенционално теренско возило кое изобилува со луксуз, а кое се темели на Ram 1500 што може да се забележи по самата форма.
Хипер-лимузината, како што се соопштува во соопштението на компанијата, располага со 22 инчни тркала со Yokohama Advan Sport гуми. Тука е и предната решетка која потсетува на супер луксузните возила на Rolls-Royce.
Во внатрешноста изобилува со луксуз. Покрај одличната изработка на ентериерот, истиот е збогатен со амбиентално осветлување, мини-фрижидер, стилски седишта…
Под хаубата располага со 5,7 литарски V8 мотор кој продуцира максимални 710 КС и 950 Nm обртни моменти. Во комбинација доаѓа со осумстепен автоматски менувач како и погон на сите тркала. Ова овозможува да до стотка и покрај габаритот забрзува за 4,5 секунди додека пак максималната брзина која може да ја постигне изнесува 210 км/ч.
Да ти е мерак да ја имаш, и да ја возиш…