АвтоВАЗ забрани продажба на ретки авто делови

ОБЈАВЕНО НА:

Во официјално писмо до дилерите, АвтоВАЗ соопштува дека престанува продажба на некои делови за Lada Vesta Sport. Производителот од Русија ќе доставува компоненти само за сервисирање во рамки на гаранцискиот сервис.

Причината за ова решение е неочекувано високата побарувачка за воздушни филтри, црни тавани и други специфични делови за спортска варијанта на Vesta, со што сопствениците на „нормалните“ верзии на моделот ги подесуваат автомобилите. За модификацијата Sport се развиени вкупно 205 оригинални детали.

„Во врска со зголемената побарувачка на номенклатурата за Vesta Sport, користена за подесување на сериските автомобили, соопштувам дека испораките на резервни делови за комерцијални цели престанува“, стои во писмото на шефот на Дирекцијата за продажба на резервни делови и продажба во АвтоВАЗ.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK