AvtoVAZ регистрира шест нови имиња на модели

ОБЈАВЕНО НА:

Шест нови имиња на производите на Lada  се појавија во базата на податоци на Роспатент во Русија. Новите имиња се во класата на автомобили и играчки и веројатно ќе отидат кај идните модели и сувенири на Lada, а кои сè уште нема информација. Документите покажуваат дека сертификатите ќе важат десет години до 2030 година. Овој период може да биде продолжен доколку биде неопходно.

Целосно возможно е самите модели, кои ќе ги добијат новите звучни имиња да не се во непосредните планови на AvtoVAZ. Слично на други производители, концернот веројатно оданпред добива сертификат за да ги добие правата на трговските имиња.

Компанијата веќе регистрираше нови имиња порано од оваа година, во мај имињата Tensa, Forta и Kayna се појавија во базата на податоци FIPS. Сепак, сè уште не е познато како AvtoVAZ ќе ги користи. AvtoVAZ има планови да проиведува нова Lada со погон на сите тркала.

Во септември автомобилската фабрика спроведе конкурс, во кој ги покани Русите да ги изберат имињата на идните автомобили Lada. Меѓу победниците беше и името Alta, кое се споменува во новите патенти. Покрај неа фабриката ги одбележа како најдобри уште три имиња: Онега и Слава, исто така веќе регистрирани како и Лика.

Авторите на најдобрите имиња добија од AvtoVAZ комплет, којсе состои од брендирана кригла и преносен полнач.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK