АвтоВАЗ ќе прави нова „Лада“ со погон на сите тркала

ОБЈАВЕНО НА:

Фабриката АвтоВАЗ се подготвува да изведе модернизација на линијата В0, соопшти групата AvtoVAZ News на социјалната мрежа „Вконтакте“. Се очекува дека по реконструкцијата ознаката Lada ќе можат да ја носат новите модели со погон на сите тркала, на пример Lada 4×4 од новата генерација.

Суштината на „преуредувањето“ на линијата е во тоа потполно да се промени технологијата на склопување, т.е. таа да се позајми од фабриката Renault-Русија во Москва. Таму сите елементи на шасијата, моторот со менувач и ладилникот се монтираат на посебни подвижни платформи, по што готовиот долен дел на автомобилот се праќа на лета и таму се спојува со каросеријата.

Така ќе се поедностави и забрза процесот на склопување и ќе можат да се прават автомобили со погон на две тркала и на сите тркала. Засега АвтоВАЗ допрва се подготвува за реконструкција, а во меѓувреме автомобилите Lada се склопуваат по стара технологија, т.е. одделни склопови се монтираат одделно на лента. Планирано е обновената линија да се појави 2023 година.

Во моментов на линијата В0 се склопуваат моделите Lada Largus, XRay, како и Renault Logan и Sandero. Минатата недела на лента првпат беше забележан Largus со ознаката FL, кој ќе се појави на пазарот догодина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK