AVTOVAZ Group го рестартираше производството

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата AVTOVAZ Group објави дека го рестартираше производството во Тољати и Изевск, следејќи ги сите здравствени побарувања и препораки. Од компанијата најавуваат дека сите работни места, канцеларии, опрема и алати биле дезинфицирани, а на работниците им се обезбедени заштитни маски.

За проверка на здравствента состојба на работниците од AVTOVAZ Group имаат купено топломери и секојдневно ќе се прават проврки. Дополнителна реорганизација е воведена во обичните делови, а тука се вклучени и кантините, каде исто така се менувал начинот на носење на храна и пијалоци.

За дополнителна безбедност, почетокот на работниот ден во фабриката е растегнат во времето за одделни работни екипи, сменет е и распоредот на службените автобуси, асоодветно е усогласена и работата на детските градинки во близина на комплексот.

AVTOVAZ Group е дел од гигантот Groupe Renault и произведува автомобили од четири брендови: LADA, Renault, Nissan и Datsun.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK