Автопроизводителите сѐ подалеку од еколошките стандарди на ЕУ

ОБЈАВЕНО НА:

Европската Унија во последните години интензивно работеше на законски регулативи кои треба да обезбедат подобра еколошка средина. Како резултат на оваа посветеност, во наредните три години во сила ќе стапат доста строги регулативи.

Една од регулативата се однесува на нивото на CO2 кое треба да се сведи на минимум. Така според една од многуте регулативи, до 2021 година сите нови автомобили не треба да емитираат повеќе од 95 грама CO2 на километар. Тоа значи дека на 100 километри, новите автомобили ќе треба да трошат 4.1 литар бензин или 3.6 литри дизел што е далеку од моменталните можности на автомобилите, не вклучувајќи ги тука малите градски автомобили.

Но колку автопроизводителите се подготвени да ги пресретнат овие барања на Унијата? Според една независна студија, автопроизводителите се далеку од идните стандарди за CО2 емисија.

Питер Мок од ICCT наведува дека ваквата регулатива и вредностите кои се наведени во истата се далеку од реалните можности на автопроизводителите, но сепак додава дека оваа регулатива нема да има големо влијание врз германските производители бидејќи истите во наредниот период ќе се преориентираат на хибриден погон и комбинација на електрични и мотори со внатрешно согорување.

Сепак останува да се види како останатите пороизводители ќе реагираат и што се ќе преземат во пресрет на спроведувањето на овие регулативи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK