понеделник, 25 август, 2025 година

Автономните автомобили ќе донесат…повеќе секс

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Покрај бројните бенефити од автономните автомобили кои меѓу другото се и еколошки, група на истражувачи сметаат дека овие автомобили ќе придонесат и за повеќе секс.

Коавторот на оваа студија, универзитетскиот професор Скот Коен, смета дека овој вид на возила позитивно ќе влијаат врз туризмот, генерално. Тој за Вашингтон Пост смета дека овие возила може да се користат и за секс туризмот кој во легална или илегална форма е честа појава во многу земји.

- Advertisement -

Тука тој наведува дека тоа ќе има позитивни импликации и врз сексот за без “пари”. “Сосема е природен заклучокот дека сексот во автономни возила ќе биде феноменален” изјави Коен за популарниот американски весник потенцирајќи ја комоцијата поради недостатокот на предно седиште кај некои од автономните возила.

Неговиот колега Брајан Вокер Смит, професор по право на Универзитетот на Јужна Каролина, има слично мислење и смета дека една од многуте услуги кои ќе се нудат во целосно автономните односно автоматизираните возила ќе бидат и услугите на сексуалните работнички.

Туристичкото разгледување на градовите и знаменитостите како и подвижни хотели се исто така од бројните идеи за тоа како може да се искористат овие автомобили, а авторите на студијата сметаат дека во која насока ќе се движи експлоатацијата на овие возила зависи и од правната рамка која во многу земји не постои односно автономните возила не се дел од националните закони.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја