Автономни автомобили без луѓе во кабината почнуваат тестови во Русија

ОБЈАВЕНО НА:

Владата на Русија одобри пакет на мерки за постепено воведување во експлоатација на беспилотни летала без присуство на инженер-тестер во кабината. Тестирањето по јавни патишта ќе почне во 2021 година, соопшти Министерството за транспорт.

„Прилагодувањето на мерките ќе овозможи во периодот од 2021 до 2024 година да се создадат неопходните правни услови за воведување на високо автоматизирани превозни средства во транспортниот комплекс. Претпоставка е гарантирањето за безбедноста на учесниците во движењето и почитувањето на утврдените правила и прописи“, стои во соопштението.

Министерството за транспорт објаснува дека при подоготовката ги зеде предвид позициите на извршните органи, како и на стручните здруженија (Здружение за дигитален транспорт и логистика, Руска унија за автоосигурителните компании) и организации, вклучувајќи ги КамАЗ, Cбeрбaнк, ГAЗ Груп и Гaзпрoм.

Тестовите на автономни возила без инженер во кабината на јавни патишта ќе се спроведат во одделни региони на Руската федерација, за каде ќе биде издадено соодветно решение. До денешен датум таков сообраќај е дозволен во Русија само во затворените тест зони.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK