Најновите податоци од асоцијацијата AEB AMC (AEB Automobile Manufacturers Committee) покажуваат дека рускиот автомобилски пазар отчитал пораст од 3,4% или нешто над 5.000 автомобили во септември со вкупен резултат за месецот на ниво од 154.409 единици.
Во првите девет месеци од годината, продажбите на нови автомобили во Русија достигнале 1.094.805 возила, што е за 13,9% или 176.587 автомобили помалку во споредба со истиот период во 2019 година.
Најпродаваниот бренд во септември во Русија одново е Lada со 35.264 реализирани единици и раст од 12%. На второот место се наоѓа Kia со 20.402 единици, додека на 3. позиција е Hyundai со 18.380. Најимпресивен во Топ 5 на брендовите, сепак, е растот кај Skoda од 31%, до 9.616 возила.
Најпродаван автомобил во Русија за периодот јануари-септември е Lada Granta со 84.410 примероци, а на 2. место е Lada Vesta со 72.464, додека на третото е Kia Rio со 58.689.
Во Топ 10 на најбарани нови автомобили на рускиот пазар исто така се Hyundai Creta (52.098), Volkswagen Polo (41.634), Hyundai Solaris (32.871), Toyot RАV4 (26.048), Lada Largus (25.470), Volkswagen Tiguan (23.744) и Renault Logan (21.660).