Автомобилска технологија помага во битка со коронавирусот

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Adasky од Израел произведува посебни термовизиски камери кои на своите напредни возила ги тестират компании кои развиваат автономни автомобили или возила со висок степен на автономија.

Покрај сите системи како радар или ласерски уреди, термалните камери исто така се користат и за возилата да воочат луѓе или животни на автопат или со нив самостојно да ги активира кочниците или да го корегира управувачот. Adasky го продаде својот систем на термовизиски камери на еден произведувач на автомобили, а се очекуваат и други договори.

Сепак, компанијата од Израел ќе го примени својот систем и во борбата против коронавирусот. Имено, со смалување на дометот на термалните камери можно е да се користат и во делот за детектирање на лица со коронавирус односно на граѓани со зголемена телесна температура што е еден од првите симптоми на инфекцијата.

Се размислува за поставување на камери на многу јавни места, а првите примени почнаа на влезовите на болниците во Израел. Цената на една камера е околу 92 евра.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK