Автомобилот ја оставил на пат, па го запалила

ОБЈАВЕНО НА:

Аманда Силиман од Пенсилванија била уапсена откако го запалила својот автомобил Ford Taurus, а причината за тоа навистина интересна. Жената го запалила автомобилот во афект. На полицајците им објаснила дека колата постојано ја оставала на пат и дека била разочарана. Затоа извадила маичка од багажот, ја натопила во парфем, ја ставила во резервоарот по што ја запалила.

Возилото Ford Taurus старо 15 години изгорело целосно пред да дојдат пожарникарите, а против Силиман е поведена постапка, додека таа веднаш била сместена во притвор. Обвинета е за палење, користење запаливи материи, создавање услови за катастрофа, вандализам и нарушување на јавниот ред.

Поради тоа што не можела да плати кауција од 25.000 долари ќе мора пресудата да ја почека зад решетки.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK