Автомобилите на Hyundai и Kia со соларни покриви

ОБЈАВЕНО НА:

Јужнокорејските производители Hyundai и Kia веќе подолго време интензивно се посветени на развој на бројни иновации. Следејќи ги трендовите на заштита на околината, последниот новитет кој доаѓа од Јужна Кореа се автомобилите со соларни покриви.

Овие производители планираат на пазарот да понудат три верзии на соларни покриви. Првата генерација е наменета за хибридните возила, другата генерација со полу-транспарентни панели е наменета за автомобили кои користат мотори со внатрешно согорување додека пак третата генерација ќе биде наменета за електрични автомобили со батерии.

Во овој момент, овие производители не наведуваат дополнителни информации околу перформансите на самите системи, но повикувајќи се на перформансите на соларните покрови креирани од страна на Toyota нивната енергетска апсорбција не се очекува да биде екстремно голема.

Последните неколку години овие производители значително направија на полето на иновациите. Така под брендот Hyundai веќе е лансиран водороден камион, а во понудата на овие производители, особено Hyundai може да се најдат електрични и хибридни автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK