Автомобилите кои најбрзо забрзуваат во светот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Од страна на Autocar беше објавен интересен материјал во кој се рангирани автомобилите кои најбрзо забрзуваат во светот, а притоа се акцентира дека во рангирањето се ставени само сериски возила кои имаат дозвола да се движат слободно на патиштата додека дадените динамички податоци се од самите производители.

На 9 место на ранг листата според Autocar се наоѓаат три автомобили: Ferrari F8 Tributo, McLaren 620R и Lamborghini Huracán Evo, а секој од нив е во состојба да забрза од 0 до 100 км/ч за 2,9 секунди.

Место повисоко се две суперспортски возила: McLaren P1 и BAC Mono, со показател од 2,8 секунди, додека на 7. и 6. место  се наоѓат Caterham 620R со 2,79 секунди и Hennessy Venom GT со 2,7 секунди за забрзување од 0 до 96 км/ч.

Во топ 5 од ова рангирање на Autocar се најдоа:

5.Porsche 911 Turbo S (992) – 2,6 секунди до 100 км/ч

4.Rimac Concept One – 2,5 секунди до 100 км/ч

3.Porsche 918 Spyder и Koenigsegg One:1 – 2,5 секунди до 96 км/ч

2.Tesla Model S, Porsche Taycan Turbo S и Bugatti Chiron – 2,4 секунди до 100 км/ч

1.Ultima Evolution Coupé и Dodge Challenger SRT Demon – 2,3 секунди до 96 км/ч

Од Autocar го насочуваат вниманието кон неколку идни предлози, а во нив се вклучен Lotus Evija (очекуван резултат од под три секунди), Pininfarina Battista (под 2 секунди), Rimac C_Two (1,9 секунди) и Aspark Owl (1,7 секунди).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK