Сигурноста и евтиното одржување се несомнено водечкиот фактот при изборот на автомобил. Не помало значење за џебот на сопственикот има ис тепенот со кој девалвира автомобилот при купувањето.
Експерти од маркетинг агенцијата “Автостат-инфо” и проектот “Вистинска цена” го анализираа секундарниот пазар на автомобили во Русија за да се одлучат кои брендови и модели губат најмалку од вредноста три години после купувањето. Во студијата се вклучени податоци за цената на 160 користени автомобили од сите класи и сегменти.
Поголемиот дел од моделите на истражувањето – 96 – се од најмасовна и прифатлива категорија. Просечната вредност на тригодишните автомобили, е 71,2% од нивната цена која ја имаат како нови возила. Шампиони за слаба девалвација се корејците брендови (малку над 75%), а следени се од јапонските (73,75%), руските (70,69%) и европските производители.
Водечката десетка за најслаба загуба на вредноста во масовниот сегмент ја оформуваат Mazda (87,77%), Renault (над 85 %), Toyota и Honda (80,6%), Hyundai (79,79%), KIA (79,03%), Volkswagen (76,78%), Skoda (75,68%), Suzuki (73,98%) и Geely (72,75%). Во класификацијата по модели убедливо води Mazda CX-5, која после три години користење задржува околу 90% од почетната цена. Следуваат Renault (Dacia) Logan (малку над 88%), Mazda 6 (87,43%), Renault (Dacia) Sandero (87,32%) и Mazda 3 (над 85%).
Автомобилите од премиум сегментот по правило губат околу 30% од цената како нови на третата година после купувањето. Според експертите од “Автостат-инфо” и “Вистинска цена” инвестицијата со најдобри изгледи за враќање на парите е Land Rover (80,46%), MINI (76,88%) и Volvo (76,25%). Во десетката исто така влегуваат и Acura (75,60%), Lexus (72,28%), Mercedes-Benz (71,58%), Porsche (71,54%), Audi (67,41%), BMW (67,28%) и Jeep (66,92%).
Како најликвидни меѓу премиум моделите се покажале Land Rover Discovery Sport, кој задржува 85,05% од цената од 2015 година. Веднаш зад овој модел следуваат Acura TLX (малку над 85%), Land Rover Discovery (84,52%), BMW X5 (84,5%) и Jeep Wrangler (84,4%). Десетката ја надополнуваат Mercedes-Benz GL-Klasse, Audi Q7, Porsche Cayenne и Macan, Range Rover – сите со над 80% од цената како нови.