Aвтомобили што остануваат во заборавот на 2020 година

ОБЈАВЕНО НА:

Сега минатата 2020 година беше една од најтешките во последните 70 години. Причината за тоа е коронавирусот кој во целост го промени светот. Оваа пандемија големо влијание имаше и во автомобилската индустрија што придонесе производителите да го успорат развојот на нови модели.

Сепак и покрај тоа, во заборавот на 2020 година остауваат броји модели.

Минатата година Alfa Romeo го прекина производството на моделот 4C, а кон крајот на декември заврши производството и на моделот Giulietta која во својата прва генерација на пазарот се задржа нешто повеќе од 10 години.

Aston Martin уште во јануари минатата година го прекина производството на моделот Rapide, оставајќи простор за DBX, а Bentley го згасна моделот Mulsanne кој не доби директен наследник. Ferrari пак, по премиерата на моделот Roma, се откажа од моделот GTC4 Lusso, а неговото место ќе го пополни SUV моделот Purosangue.

BMW од американскиот пазар го повлече M8, а во Лајпиг заврши производството на моделот i8 кој се продаде во нешто над 20 илјади примероци.

Mercedes во 2020 година го прекина производството на X класата, пикап кој се базира на архитектурата на Nissan. Во 2021 година нема да ги видиме и моделите SLC и SL.

Во Volkswagen Групацијата, новата година зад себе ги остави SEAT Alhambra, Volkswagen Sharan и Skoda Citigo, а останати модели кои нема да ги видиме во 2021 година се и Ford Galaxy, Renault Espace, Ford Ka+, Citroen C4 Cactus, Dacia Logan MCV, Peugeot 308 GTI, Ford Mondeo, Mitsubishi i-MIEV.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK