Автомобил со моќност од 202.000 КС ќе руши рекорди за брзина

ОБЈАВЕНО НА:

Во 2022 година група ентузијасти ќе се обидат да го срушат светскиот рекорд за брзина и одново да го надминат звучниот ѕид на брзината од 1.191,6 км/ч. Ракетниот автомобил Аussiе Invаdеr 5R ќе биде управуван од страна на познатиот австралиски пилот Роско Мак Глашан, кој во моментов го држи австралискиот рекорд за брзина.

Последен пат натпреварувачот забрза до 802,6 км/ч во 1994 година возејки го претходникот на Аussiе Invаdеr 5R пo сувите солени рамнини на езерото Гарднер во близина на Аделаида.

Постоечкиор рекорд за брзина го држи поранешниот пилот од Велика Британија, Енди Гријн, кој во 1997 година покажа средна брзина од 1.223,7 км/ч и го проби звучниот ѕид додека го управуваше ракетниот автомобил Thrust SSС, создаден од Ричард Нобел во пустината во Невада. Сега во суперничната трка ќе продолжи во 2022 година кога Роско Мак Глашан ќе се обиде да ги достигне униктните 1.000 милји на час или 1.610 км/ч со Аussiе Invаdеr 5R.

Новиот ракетен автомобил е создаден под раководство на Боб Трукс, признат експерт во областа на ракетната техника. Машината Аussiе Invаdеr 5R ќе добие специјално проектиран ракетен мотор, способен да генерира над 275.000 N, што се срамнува со 149.000 kW или 202.000 коњски сили. За споредба, оваа моќност е рамна на моќноста на 2.128 хечбек возила на Vоlkswаgеn Pоlо.

Трупот на Аussiе Invаdеr 5R e долг 16 метри и тежи 9 тони. Автомобилот ќе се движи на четири алуминиумски тркала со дијаметар од 35 инчи и тежина од 140 килограми со брзина на вртење од 10.200 в/мин. Компјутерската симулација даде можност да се пресмета времето за забрзување до 100 км/ч, што е 1,1 секунда. Автомобилот треба да забрза до рекордна брзина од 1.610 км/ч за помалку од 30 секунди. За време на патувањето ќе бидат потрошени 2,8 тони течно гориво и кислород.

Интересно е уште и тоа дека автомобилот ќе треба да измине околу 5 километри за да забрза до рекордната брзина, а следното запирање ќе биде на 13 километри. Системот за кочење вклучува секвенцјионален ангажман на високобрзинските хидраулични воздушни сопирачки, падобрани и диск сопирачки.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK