Aвтомобил на старо: Како да дознаете дали работат воздушните перничиња?

ОБЈАВЕНО НА:

Многу сопственици на автомобили веројатно не знаат дека воздушните перничиња имаат одреден рок на траење, а потоа мора да бидат заменети. Во спротивнo нема гаранција дека во точно време тие ќе ја исполнат својата најважна функција. Станува збор за стари автомобили, кои преовладуваат во нашиот возен парк.

На пазарот има и автомобили, кои се регистрирани со воздушни перничиња, но истите претрпеле удари, а потоа истите не биле заменети со ново. Несовесни трговци ги отстрануваат воздушните перничиња и местото го пополнуваат со пена, на пример, а го тапацираат и воланот или контролната табла, па дури прават и топли печати за да наликува на воздушно перниче. Тоа лесно може да се провери при купувањето со сервисна дијгностика, која е силно препорачлива.

Поголем дел од производителите на современи модели даваат доживотна гаранција за воздушните перничиња. Што се однесува до некои автомобили од „нулa“ години на производство, кај сите од 90-тите години, но и постарите, информацијата за датата на производство на воздушните перничиња по правило се наоѓа во инструкциите за експлоатација на автомобилот.

Кај моделите на некои брендови, како на пример Mеrсеdеs-Bеnz, тоа е посочено на стикерот во салонот. Најчесто животот на воздушните перничиња кај постарите автомобили е ограничен од 10 до 15 години и зависи од возраста и брендот на автомобилот. Затоа при изборот на автомобил од секундарен пазар за секој случај е препорачливо да се добие информација за навремена промена на воздушните перничиња.

Уште подобро е кога купувате автомобил на старо, да ги дијагностицирате вредностите на воздушните перничиња, како и сите систреми за безбедност на автомобилот кај специјалист и ако е неопходно да ги замените со нови. Инвестицијата не е мала, но е од витално значење. Вообичаени препораки за производителите се сведуваат до замена за полначите на воздушните перничиња со воздух при дејство.

За некои многу стари возила роковите за важноста на елекемтите од системот на воздушните перничиња не се посочени, но информација по оваа тема има во официјалните сервиси на дадениот бренд, како и на интернет. Особено внимателни треба да бидат и сопствениците на автомобили од 2002 до 2015 година во кои се монтирани воздушни перничиња од брендот Takata, со оглед на тоа што истите имаа големи проблеми.

Можете да прашате и од кој бренд се воздушните перничиња кои се инсталирани во вашиот автомобил, откако ќе се поврзете со дилерот, кој ќе ви го каже тоа според VIN бројот. Подобро е продуктите на Tаkаtа дa ce заменат со нов модел од друг производител. Што се однесува до современите автомобили, доживотната гаранција воопшто не значи дека тие ќе работат правилно до крајот на векот.

Секој пат кога моторот се стартува електрониката почнува самопроверка на системот за воздушни перничиња и доколку биде откриена одредена неисправност, соодветниот индикатор на контролната табла со сигурност ќе засвети. Во таква ситуација треба да се контактира сервисот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK