Инженерите на MсLаrеn ги изненадија фановите со новиот спортски автомобил наречен MсLаrеn Еlvа, а истиот е со цена од 1,7 милиoни дoлaри, а истиот ќе биде во понудата без кров, како и шофершајбна и странични стакла. Возачот и сопатникот ќе бидат заштитени од ветрот со посебен систем за дефлектор, кој ќе се наоѓа надвор од трупот.
Моторот на MсLаrеn Еlvа e битурбo V8 cо моќност од 804 коњски сили. Брзината од 100 км/ч се достигнува за само три секунди, а до 200 автомобилот забрзува за 6,7 секунди. Независно од тоа, основната предност на Еlvа e нејзиниот невообичаен дизајн без кров и стакло. За да го зачуате лицето од ветерот, системот за контрола на протокот на воздух на Еlvа ќе се користи, кога автомобилот се движи со брзина поголема од 40 км/ч.
Системот го насочува воздухот околу кабината создавајќи таканаречен „балон на спокојност“ за лицата внатре. Воздухот се насочува кон предниот дел на автомобилот и во случај на режин на висока брзна се движи директно над кабината.
Подвижниот воздух дејствува како ветробранско стакло, со оглед на тоа што го испраќа воздухот околу автомобилот. Малиот дефлектор од јаглеродни влакна се издига пред автомобилот, па на тој начин дополнително го насочува воздухот околу кабината.
За да се заштитат, патниците и возачот во случај на конверзија, инженерите на MсLаrеn разработиле специјален систем за автоматска заштита, а деталите за тоа не се откриваат. Во некои делови, сепак, возењето без шофершајбна е забрането. Затоа меѓу планираите 399 примероци кои ќе бидат пуштени на пазарот ќе има и автомобили на кои ќе бидат монтирани шофершајбни.