Од 1 април годинава автоматското вклучување на фаворите станува задолжителен дел од стандардната опрема на сите нови автомобил, кои се продаваат на територијата на Јапонија. Сопствениците на стари автомобили добиваат рок од 18 месеци односно до октомври во 2021 година да ги обезбедат своите возила со ваква функција.
Новото правило се воведува во согласност со Релулативата 48 од Обединетите нации, согласно која вклучувањето на фарови на автомобилот треба да биде во рамки на 2 секунди од моментот кога светлината е биде намалена од 1000 лукса. Тоа се случува 15 минути пред залезот на Сонцето во јасен ден.
Во Јапонија кратките светла ќе се вклучуваат при осветленост од 7.000 лукса, а возачот нема да може да ја исклучи функцијата. За камионите и автобусите новото правило ќе важи од октомври во 2023 година.
Целта е да се намали бројот на сообраќајни несреќи со учество на пешаци и велосипедисти во периодот од деноноќието кога е ноќ.