Се сеќавата на култниот филм „Ко то тамо пева“, и на автобусот што патува до Белград заедно со патниците и нивните згоди и незгоди. Децении поминаа од тој филм, а автобусот што беше користен при снимањето на филмот долго време не бил во функција и не се користел. Но, отсега ќе биде во функција и ќе бид етуристичка атракција.
На десната страна на главниот пат Крагуевац – Мрчајевци, на влезот во Књиќ, се наоѓа познато кафуле именувано по истиот филм: “Ко то тамо пева”.
Она по што секој минувач ќе го прпеознае е познатиот автобус со натпис “Крстик и Син”. Автобусот не е во употреба подолго време, но сега беше ставен во функција и во иднина ќе служи како туристичка атракција.
Ако случајно ве води патот натаму немојте д аго пропуштите ова место.