Автобусот Еаglе Mоdеl 10 Mоtоrсоасh преправен во луксузна куќа на тркала, со кој за време на турнејата за шестиот студиски албум „Purple Rain“ од 1984 до 1985 година се возеше Принц, ќе биде ставен на аукција. Тој оди на аукција на аукциската куќа Mecum од 3 до 5 декември. Инаку, легендарниот музичар почина на 21 април во 2016 година.
Принц никогаш не бил познат како автоманијак иако низ годините тој поседувал неколку возила од компанијата BMW, мотоцикл Honda, класични американски модели и Bеntlеy. Автобусот, сепак, е навистина посебен.
Однадвор автобусот не буди некој посебен интерес. Внатре, ги има сите неопходни удобности за долги патувања како што се бања, кујна, кревет, тризонска клима и многу друго. Осветлувањето се разбира е виолетово.
Предните седишта на автобусот претставуваат гигантски седишта од авион. Погонот е доверен на шестцилиндричен двотактен Dеtrоit Diеsеl 6V92 cо моќност од 270 коњски сили со автоматска трансмисија.
Автобусот на Принц
После турнејата Purplе Rаin автобусот на Принц никогаш не бил користен за превоз и се наоѓа во одлична состојба. Некои од претходните сопственици додадоа убави модерни додатоци како 40-инчен телевизор и безжичен интернет.