Автобусите во Лондон почнаа да возат на кафе

ОБЈАВЕНО НА:

Во обидот да се намали загадувањето се прават различни експерименти, а најновиот е со создавањето на биогориво од смеса на нафта и масло добиено од веќе користено кафе. Ова е прв ваков случај да се добие гориво од кафе, а засега ќе се користи кај возилата од јавниот сообраќај.

Според специјално патентирана технологија од кафето се извлекуваат од 15 до 20 проценти од маслото коешто го содржи. Добиеното масло се додава во нафтата и се добива биогориво. Во Британија дневно се пијат 55 милиони чаши кафе, што е некаде околу 200.000 тони отпадоци од кафе годишно.

Со оваа технологија работи британскиот Bio-bean, а отпадоците од кафе се добиваат од рестораните, како и од фабритите за кафе на растворање од типот Нес. Според сопственикот на Bio-bean, Артур Ки, за едногодишна работа на еден автобус му е потребно да бидат испиени околу 2,55 милиони чаши кафе.

Досега се произведени околу 6000 литре масло од кафе за добивање на дизел гориво, а во моментов успешно го користат повеќето од 9500 автобуси во Лондон.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK