понеделник, 25 август, 2025 година

Австрија ги зголемува казните: До 5.000 евра, одземање возило, посета на психолог..

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Од јуни годинава во Австрија на сила стапува Закон што предвидува повисоки казни за прекршителите на сообраќајните правила, особено за оние што го повторуваат делото.
Ако возите пребрзо, можете да платите казна и до 5.000 евра и да останете без возачката дозвола на шест месеци. Покрај тоа во „пакет“ доаѓа и посета на психолог и проценка за здравствената состојба за управување возило.

Австријците решиле делумно да го копираат швајцарскиот терк. Таму се одземаат автомобили што потоа одат на лицитација.

- Advertisement -

Министерката за сообраќај, Леоноре Гевзелер од партијата на Зелените најави дека на оние што ги повторуваат сообраќјаните прекршоци може да им бидат одземени возилата. Тоа се однесува на возачите што ќе возат многу побрзо од ограничувањата – 40 км/ч. во град и 50 км/ч. надвор од населено место. Истото се однесува и за оние што ќе учествуваат во илегални трки. Овие мерки би требало да бидат на сила до крајот на годината.

Според податоците на австриското МВР, во несреќите на нивните патишта лани загинале 338 лица. Во 31,8 отсто од случаите причина за несеќата била неприлагодена брзина. Во 2019 година имало 416 жртви на патиштата.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја