Австралија: Кинеските автомобили повторно поуспеши од германските и американските

ОБЈАВЕНО НА:

Кинеските производители продолжуваат да изненадуваат на австралискиот пазар. Откако минатите два месеци автомобилите од Кина се продаваа поуспешно од оние од Европската Унија и САД, и во февруари продолжи овој тренд.

FCAI (Federal Chamber of Automotive Industries) ги обелодени продажните бројки за февруари и според истите и натаму на врвот се јапонските автомобили чија продажба порасна за 20,1% во однос на февруари минатата година и сега изнесува 29.438 примероци. На втората позиција се автомобилите кои доаѓаат од Тајланд, а кои се продадени во 17.458 примероци додека на третата позиција се оние од Јужна Кореја со 12.305 продадени примероци.

Најголем процентуален пораст остварија кинеските производители кои на австралискиот пазар испорачаа 5.013 примероци што е за 152.4% повеќе во однос на вториот месец минатата година. При тоа треба да се забележи дека во топ 10 најпродаваните брендови за прв пат влезе MG кој се придружи на Great Wall Motors.

Германските автомобил исе продадени во 3.370 примероци додека оние од Англија во 2.247 примероци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK