Авантура: Американец се „прошета“ од исток до запад за 26 часа со изнајмен Mustang (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Жител на градот Хенкок во државата Мејн, 44 годишниот Фред Ашмор успеа да мине од источниот до западниот брег на САД за време од 25 часа и 55 минути. На овој начин го подобри рекордот поставен пред помалку од три месеци од страна на анонимни авантуристи со Аudi А8L со време од 26 часа и 38 минути и средна брзина од 175,26 км/ч.

Парадоксот во целата ситуација е дека тој немал доволно брз автомобил, па Ашмор одлучил да земе под наем Fоrd Mustаng GT и дa гo опреми со дополнителни резервоари, за да нема потреба да запира по патот од Њујорк до Лос Анџелес. Од сребреното купе била демонтирана целата непотребна опрема, а на совозачкото место, на задното седиште и во багажникот биле монтирани резервоари за бензин со вкупен капацитет од 500 галони (492 литри).

Импресивно за достигнувањето на Ашмор не е само времето за кое успеа да стигне од Менхетен до калифорнискиот Редондо Бич, туку и буџетот со кој влезе во целата операција. Новиот рекордер поторшил едвај 3.000 долари (2.649 евра) за патувањето, заштедувајќи речиси на сè бидејќи дури и дополнителните резервоари биле купени од  втора рака од Fасеbооk Mаrkеtplасе.

Во крајна сметка Фред го остварил планот да запре само еднаш за полнење, за што му помогнале пријателите. На тој начин Американецот го запиша своето име во историјата на Cannonball Run, како што е познат незаконското преминување низ САД, поминувајќи 2.806 милји (4.514 километри) со средна брзина од 174,14 км/ч.

Реакција на компанијата, која го изнајмила „мустангот“ по повод нелегалниот рекорд, засега уште нема. Ашмор тврди дека со исклучок на малите дупки, кои се пробиени за поврзувањето на дополнителните резервоари тој го вратил автомобилот во првобитна форма во која го примил. Фред не ја крие самодовербата и признава дека успеал да избега од полициските заседи со помош на антирадари така што не е исклучено сосема да има непријатности со законот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK