Кон крајот на минатата година се појавија првите гласини околу можниот T-Rug модел на Volkswagen.
Сега, по неколку месеци гласините околу лансирањето на овој модел стануваат се погласни. Така, најпопуларниот германски сајт за автомобилизам кој традиционално има добри односи со германските производители на својот YouTube канал претстави видео со можниот изглед на овој SUV.
Според пишувањата, истиот ќе се базира на MEB платформата што значи ќе дојде на електричен погон, а со речиси 4.5 метри должина ќе се позиционира над T-Roc. При тоа од Volkswagen веруваат дека овој модел ќе биде вистински конкурент на Land Rover Defender.
Според AutoBild, овој модел премиерно ќе биде прикажан следната година, на некој од саемите, а во производство ќе влезе во 2021 година.