Во пресрет на премиерата на новата Opel Astra која треба да биде претставена на почетокот на следната година, збирката рендери – можни изгледи се збогати со уште едеон објавен од страна на AutoBild. Рендерот објавен од овој еминентен германски авто магазин е многу сличен како оној објавен во мај годинава од AutoExpress.
Изгледот е инспириран од последните концепти објавени од производителот од Руселхајм, а со значителни екстериерни и ентериерни измени во однос на постоечката генерација.
Покрај тоа што ќе биде целосно развиен автомобил од страна на инжинерите во PSA Групацијата, овој модел ќе ги има во целост развиените од PSA мотори. Се шпекулира дека новитет на постоечката понуда на мотори ќе биде бензинскиот мотор со 81 kW односно 108 КС како и уште еден бензински мотор со 162 kW односно 217 КС. Во понудата на оваа генерација ќе се наоѓаат и дизел мотори кои ќе продуцираат од 99 КС до 177 КС.
А мога станува збор за AutoBild тие секогаш се добро информирани кога станува збор за германските производители, па така веруваме дека овој рендер е најблиску до можниот изглед на Opel Astra.