Иако изгледот е веќе познат благодарение на протечените шпиунски фотографии, Honda се уште не ја претстави официјално 11-та генерација на моделот Civic. Датумот на премиера засега останува непознат, но затоа AutoBild објави рендер.
Станува збор за рендер за спортската Type R изведба чија премиера засега не е познато кога ќе се одржи. На видеото објавено на интернет сајтот на германскиот магазин е прикажан спортскиот автомобил во жолта боја со црни алуминиумски фелни и заден спојлер. Впечаток остава и црниот покрив, а неизостанува и логото на Honda на црвена позадина.
AutoBild пишува дека под хаубата доаѓа со турбобензински мотор кој продуцира 320 КС и 400 Nm.
Рендерите не ја покажуваат вистинската слика за новиот модел, но многу често е најблиску до изгледот или ја покажуваат насоката во која ќе биде направен моделот.