AutoBild објави нов рендер за Fiat Punto

ОБЈАВЕНО НА:

AutoBild објави нов рендер за новото Punto. Станува збор за рендер кој е еден од најубавите објавени изминатите месеци.

Германскиот магазин најавува дека со новиот Fiat Punto, Stellantis ќе го засили влијанието во Б сегментот. При тоа, ќе се базира на CMP платформата развиена од страна на PSA која ја користат Opel Corsa, Peugeot 208 и DS3 Crossback.

Инаку Punto е дел од понудата на италијанскиот производител уште од 1993 година. Подоцна ја добива и престижната награда “Европски автомобил на годината”. Последниот примерок на овој модел е продаден во 2018 година.

Новата, четврта генерација би требало да се појави во текот на следната година, а ќе се произведува во фабриката на Fiat во Полска.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK