Најпопуларниот германски магазин AutoBild објави видео со скицата на новата генерација на моделот Superb на Skoda.
Според магазинот, четвртата генерација од овој модел ќе се појави во 2022 година како моделска година 2023. Засега нема никакви официјални информации и сите се на ниво на шпекулации. Според истите, овој модел ќе добие и целосно електрична изведба.
Актуелната, трета генерација е претставена во 2015 година и се базира на MQB платформата. Истата во моментов се произведува на четири локации ширум светот. Покрај Чешка, истата се произведува и во Кина, Индија и Казахстан.