Жирито за доделување на годишната награда AutoBest ги објави финалистите за наградата “Best Buy Car of Europe” за 2021 година.
Така жирито во потесниот избор ќе одбира помеѓу Citroen C4, Dacia Sandero, Honda Jazz, Peugeot 2008, Seat Leon, Škoda Octavia и Toyota Yaris.
Стручното жири кое е составено од 31 член од исто толку земји, врз основа на 13 критериуми ќе ги тестира финалистите на 4 и 5 ноември во Австрија, а потоа на свечена церемонија ќе биде прогласен победникот.
За потсетување, оваа награда за прв пат беше доделена во 2002 година. Тогаш добитник беше Skoda Fabia, додека за 2020 година оваа награда беше додделена на новата геенрација на Opel Corsa.