Жирито AUTOBEST е составено од автомобилски новинари кои претставуваат 31 европска земја, што го прави најголемото независно жири во светот според бројот на застапени земји. Во пресрет на новата сезона на прогласување победници, Жирито објави дел од наградите.
Другите награди, како MANBEST, ECOBEST и TECHNOBEST, ќе бидат изгласани и соопштени на подоцнежен датум. Исто така и главната награда BEST BUY CAR ќе биде објавена во средината на декмеври.
Новиот Citroen C4, Honda Jazz, Peugeot 2008, Seat Leon, Skoda Octavia и Toyota Yaris – финалистите за титулата AUTOBEST 2021 зедоа учество на Финалниот тест во Австрија. Тие ќе се натпреваруваат за титулата Best Buy Car of Europe in 2021. Жирито составено од 31 член од 31 држава следните седмици ќе го исполни гласањето и ќе се добие победникот во средината на декември.
Жирито го одржа состанокот виртуелно каде се дефинираа едниот дел од специјалните признанија.
AUTOBEST Европско жири ја изгласа Skoda за добитник на наградата COMPANYBEST 2020
Специјалната A STAR IS BORN награда на AUTOBEST му припадна на Citroen за концептот за урбана мобилност
Френк Стивенсон стана новиот член на халата на великаните на AUTOBEST добивјќи ја DESIGNBEST Hall of Fame
Jaguar Land Rover има нов систем PiVi PRO чии можности беа доволен аргумент за SMARTBEST 2020
SAFETYBEST 2020 ја заслужи Toyota
Тото Волф, лидерот на Mercedes AMG F1, е добитник на SPORTBEST 2020
Церемонијата на доделувањето на 20-тите награди ќе се одржи следната година на датум и локација што треба да се потврдат во очекување на различните санитарни услови во различни земји во Европа.
Галата на AUTOBEST наградите еволуираше во текот на последните 20 години, од истакната вечера на локација со пет вездички, до европска гала со уметничка содржина од светски ранг, гурманско мени и уникатно Гранд финале за AUTOBEST наградата. Повеќе информации на www.autobest.org.