AUTOBEST 2021 за SEAT LEON

ОБЈАВЕНО НА:

● Херберт Дис, Volkswagen Group CEO е нов член на MANBEST Hall of Fame ● TECHNOBEST 2020 во рацете на Renault E-Tech ● ECOBEST 2020 ја освои Honda e

Со вкупно 12,685 поени, новиот Seat Leon го освои првото место и наградата Autobest 2021 за Best Buy Car. Шпанскиот бренд освои 532 поени повеќе во однос на новата генерација на Skoda Octavia! Новиот Peugeot 2008 се најде на третото место со вкупно 11636 поени, само 517 поени помалку од вицешампионот на AUTOBEST натпреварувањето.

„Оваа година беше исклучителна во многу аспекти. Во AUTOBEST дочекавме 7 финалисти, се случи многу ретка ситуација во нашата историја на две децении. Ова беше доказ за способноста на индустријата да испорача извонредни нови модели, со јасен фокус на процесот на електрификација. Следствено, имавме тешка конкуренција помеѓу Seat Leon и Skoda Octavia. Двата нови модели кои доаѓаат од брендовите кои припаѓаат на групацијата VW се одлични автомобили, заслужуваат да победат. Сепак, бидејќи можеме да имаме само еден победник, AUTOBEST жирито гласаше и ние имаме победник: Seat Leon. Им честитаме на сите луѓе вклучени во овој проект, од инженери и дизајнери до луѓето што произведуваат Leon“, вели Илија Селиктар, претседател на жирито.

Херберт Дис, Volkswagen Group CEO е нов член на MANBEST Hall of Fame
TECHNOBEST 2020 во рацете на Renault E-Tech
ECOBEST 2020 ја освои Honda e

Следете не и на:

24AUTO NETWORK