Auto Bild ја најави новата генерација на Opel Insignia (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

И додека во моментов Opel работи на редизајнот на втората генерација од Insignia, германскиот авто магазин Auto Bild ги открива првите детали за новата, трета генерација.

Најпрво објави видео од можниот изглед на Insignia. Истиот се базира на претходно објавените скици за новата генерација на Astra, а магазинот наведува дека третата генерација на Insignia ќе се темели во целост на моделот 508 на Peugeot.

При тоа, новата Insignia која се очекува да се појави во 2022 година, ќе биде достапна со истите мотори како и Peugeot 508, а ќе ја дели и истата хибридна технологија.

Инаку овој модел Opel за прв пат го воведе во 2008 година. При тоа првата генерација во понудата беше се до 2017 година кога беше заменета со втората генерација. Покрај во Европа, овој модел е достапен и во Австралија и Нов Зеланд под брендот Holden и САД и Кина под брендот Buick.

 

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK