Угледниот германски авто магазин Auto Bild на својот интернет сајт покажа видео од можниот изглед на новата GLA.
Од видеото може да се види дека кај втората генерација е применета новата дизајнерска филозофија, истата како и кај новата А класа. Токму и предните, а особено задниот дел потсетува на овој хечбек.
Иако од внатрешноста нема фотографија сепак се очекува внатрешноста да биде идентична како и кај А класата вклучувајќи го најновиот инфотејнмент систем.
Досега е претставена само една генерација на овој модел со три верзии: GLA-Class, GLA фејслифт и GLA 45 AMG. Производството и на новата, втора генерација ќе продолжи во Германија, Интија, Тајланд и Бразил.

Следете не и на:

