Audi SQ2 доаѓа со поостар стил и нова технологија

ОБЈАВЕНО НА:

Audi го ажурираше стајлингот и достапната технологија на својот кросовер SQ2, кој треба да стигне до клиентите на почетокот на 2021 година, бидејќи предпродажбата веќе започна во Германија и другите европски земји.

Цените на Audi SQ2 започнуваат од 45.700 евра во Германија. Ниту SQ2 ниту Q2 не се достапни во Северна Америка. Моторот 2.0 TFSI е ист како порано, има 300 КС и 400 Нм) со помош на стандарден седумстепен S троник менувач и quattro погон на сите четири тркала. На SQ2 му требаат само 4,9 секунди за да постигне 100 км на час, а ќе вози максимално со 250 км на час.

За почетoк октагоналната единечна решетка сега е малку пониска. Додека LED фаровите се стандардни, Audi сега ќе понуди нови Matrix LED единици како дополнителен избор. SQ2 исто така доаѓа со LED светла одзади, спарени со динамички индикатори во варијанти со високи спецификации.

Од страните, ревидираниот SQ2 има алуминиумски куќишта на ретровизорите, влошки на прагови, спојлер на работ на покривот. Во задниот дел, во меѓувреме, се гледа како третманот со пентагоналниот полигон се пренесува во браникот. Купувачите исто така можат да се одлучат за надворешен пакет кој додава црн стил на куќиштата на огледалата и облозите на задната цевка.

Што се однесува до внатрешноста, SQ2 од моделската 2021 стандардно се одликува со автоматска климатизација, заедно со спортски мултифункционален волан и спортски седишта. Во однос на инфо-забавната технологија, опсегот се протега до виртуелниот кокпит на Audi кој може да се префрли во спортски поглед. Добивате и MMI навигација плус (достапно со пакетот за навигација).

Доколку се одлучите за топ моделот од инфо-забавниот систем, добивате услуги за поврзување на Audi со LTE и Wi-Fi хотспот, додека интерфејсот за смартфон Audi, телефонската кутија Audi и аудио сиспем Bang & Olufsen се исто така достапни.

На крај, но не и помалку важно, безбедносните функции. SQ2 не само што го добива стандардниот систем за безбедност на предниот дел на Audi, туку и адаптивна круз контрола, што е нов додаток на неговата опционална опрема. Прилагодливниот круз контрол му дозволува на возачот да се откаже од контролата над автомобилот, што се однесува до забрзувањето, забавувањето и управува во рамките на лентата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK