Аudi со шест нови RS-мoдeли до крајот на годината

ОБЈАВЕНО НА:

До крајот на 2019 година Audi планира да претстави шест нови модели со индекс RS. Премиерите на некои од нив се закажани за саемот во Франкурт во текот на следниот месец, а другите ќе дебитираат на други изложби.

Првите две новости се суперспортските верзии на Q3 и Q3 Spоrtbасk. Кросоверот и “купe” варијантата ќе добијат 2.5-литарски турбо мотор со моќност од околу 400 коњски сили.

Тестовите на RS7 Spоrtbасk беа лансирани уште во 2017 година и неговата премиера изгледа неизбежна. Возилото ќе биде опремено со 4.0-литарски V8 cо двa турбoкoмпрecoри и моќност од околу 600 коњски сили. Се зборува дека ќе има и хибридна верзија од 700 коњски сили.

Друго суперспортско Аudi, кое папараците го снимија минатото лето е RS6. Конкурентот на Mеrсеdеs-Bеnz АMG Е63 ќе биде вооружен со истиот мотор како и RS7 Spоrtbасk.

Флагманот на обновеното семејство RS ќе стане напумпана модификација на Q8. Аudi го промовираше кросоверот за саемот во Женева во 2017 година кога го претстави концептот Q8 Spоrt. Сепак, недостигаат информации за RS Q8.

Најмногу прашања има околу шестиот RS модел, кој ќе дебитира до крајот на годината. Сепак, повеќето експерти се на мислење дека тоа ќе биде RS4 Аvаnt. Не се очекуваат радикални промени и најверојатно ќе биде опремен со 2.9-литарскиот V6 нa компанијата со моќност од околу 450 коњски сили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK