Audi со новите стоп светла ќе ги предупредува возачите

ОБЈАВЕНО НА:

Audi е еден од пионерите на LED технологијата, но сега воспоставува нови стандарди во безбедноста на сообраќајот успевајќи да развие нова дигитална OLED технологија. Станува збор за технологија која ќе се користи кај светлата со цел да ги предупредува останатите возачи за потенцијалните опасности на патиштата.

Новите светла содржат повеќе од 50 сегменти кои може да бидат активирани, а по потреба и да се прилагоди светлината. Тоа овозможува бројни можности за персонализација со ист хардвер.

Ова значи дека возачите имаат слобода да даваат најразлични пораки и сигнали на задните светла на останатите возачи. Пример, доколку има мраз на патот, или пак некое животно близу коловозот, возачот може да испрати црвен триаголник како предупредување за возачите позади.

Audi засега не открива многу околу оваа технологија, а повеќе детали се очекуваат да бидат познати на специјализираниот симпозиум за технологија кој ќе се одржи овој месец.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK