Audi RS Q8 станува Abt RSQ8 Legacy Edition со 760 КС

ОБЈАВЕНО НА:

Повеќе моќ, со подесување на шасијата, со широка каросерија и со многу јаглерод сето тоа доаќа во пакет за RS Q8 Performance...

Ревидираниот супер SUV има 640 КС во новата верзија со перформанси, што го прави најмоќниот мотор со внатрешно согорување на Audi во историјата. Но, се разбира, не можеше да помине многу време за Abt тјунерите да го додадат своето знаењ и умеење на оваа верзија. Резултатот е RSQ8 Legacy Edition (RSQ8-LE).

Веќе се познати Legacy Editions од RS 6  и RS 7 од 2023 година. Досега имаше RSQ8-S, RSQ8-R и RSQ8 Signature Edition. Значи, што нуди новото Legacy Edition што нуди големи перформанси?

Abt се радува на „беспрекорната адаптација на уникатниот дизајнерски јазик Legacy Edition што го одразува идентитетот на брендот и го отелотворува неговиот сопствен карактер“. Па, претпочитаме да ги гледаме бројките. Со помош на надградбата на перформансите Abt Power R, 4,0-литарскиот битурбо V8 сега произведува 760 КС и 980 Nm максимален вртежен момент, исто како и кај RS6 Legacy Edition – тоа претставува зголемување од 120 КС и 130 Nm вртежен момент. Речиси четири цифрените вредности на вртежниот момент се секако нешто за што треба да се говори.

Abt не споменува бројки за перформансите, но 3,6 секунди од 0-100 km/h и максималната брзина до 305 km/h на стандардниот RS Q8 во секој случај треба да се надминат. Новиот заден пригушувач со четири облоги на издувните цевки од 105 mm треба да обезбеди соодветна акустична придружба (што веќе доста импресивно работи).

Во однос на динамиката на возење, се потпира на неговата контрола на ниво за воздушна суспензија, како и прилагодување на електронската стабилизација на тркалата, која е „развиена во директна соработка со производителот“. Abt ветува „зголемена странична динамика со истовремено намален наклон на каросеријата со остро држење на патот и супериорна удобност при возењето“.

Важен дел од конверзиите на Abt се јаглеродните аеро комплети. За RSQ8 Legacy Edition, пакетот вклучува вметнувања на предната хауба, кои се наменети да обезбедат вентилација на моторниот простор, предна „усна “(шмукувач за воздух), додатоци за преден браник додаток, додатоцоци за капаците на ретровизорите … Исто така има и ленти на вратите, влошка за задна престилка, додатоци за задна престилка и задно крило вклучувајќи аеро „лопатки“. Отворите на куќиштето на тркалата се блескаво црни. Инаку, автомобилот стои на сјајни црни 23-инчни бандажи на Legacy Edition со гуми со димензии 295/35 R23.

Во внатрешноста, RSQ8-LE се разликува од неговиот сериски колега по тоа што користи многу јаглерод, вклучително и на лостовите за менување на менувачот, облогата на контролната табла, рачките на вратата, рамката на седиштата…. Спортскиот волан е покриен со алкантара. Исто така, има толку многу логоа, букви и амблеми што секој навистина знае што возите.

Она што го гледате на сликите е сепак дизајнерска симулација, но во голема мера одговара на финалниот производ. Официјалната премиера во живо на RSQ8-LE ќе се одржи идниот месец, поточно, на 20 март оваа 2025 година. Цената за пакетот RSQ8-LE е 95.900 евра.

Постојат и трошоци за склопување и одобрување од TÜV.  И секако треба да имате и  Audi RS Q8 за оваа надградба и подобрувања .

Следете не и на:

24AUTO NETWORK