Audi Quatro го смени името

ОБЈАВЕНО НА:

Сите спортски модели што досега доаѓаа од фирмата Quattro GmbH и понатаму ќе се произведуваат во истата компанија, но го менуваат името. Отсега ќе се викаат Audi Sport.

Нема проблеми околу раководството кое останува исто, како и гамата на модели за кои ќе се грижат. Под нивната капа се сите модели RS, како и моделот R8, а се грижат и за моделите како RS3 LMS.

Се очекува во компанијата во следните 18 месеци да се промовираат осум нови модели, со што вкупнат абројка ќе се искачи на 15. Се очекуваат новите верзи на A4 и A5, потоа спортските верзии базирани на Q5 и Q7 , а се најавува и RS6 Allroad.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK