Audi Q5 Sportback и официјално!

ОБЈАВЕНО НА:

Откако во јуни Audi го претстави обновениот Q5, сега и официјално германскиот производител ја претстави Sportback верзијата на овој модел.

Станува збор за верзија која за прв пат се аплицира на моделот Q5. Оттука должината е за 7 мм поголема отколку стандардната верзија, додека ширината, висината и меѓуоскиното растојание остануваат исти.

Очекувано, Q5 Sportback во споредба со основниот модел има за 40 литри помал багажен простор и тој изнесува 510 литри додека максималната литража со спуштена задна клупа изнесува 1.480 литри.

Audi Q5 Sportback

Во поглед на дизајнот тој е идентичен како и основниот модел со тоа што задниот дел има поостар агол на спуштање што е сосема очекувано за Sportback верзиите. Тука се новите матриксни LED предни светла и LED задните светла со OLED технологија. Доаѓа и со нови алуминиумски фелни и “освежени” бои.

Audi Q5 Sportback

Во поглед на мотористиката, во САД е потврдено дека ќе се нуди со 2,0 литарски бензински мотор со 12V милд хибридна технологија. Тука е и 3,0 литарскиот TFSI V6 бензински мотор со 355 КС кој место ќе најде кај SQ5 Sportback. Во Европа ќе биде понуден истиот 2,0 литарски мотор, но и 2,0 литарски дизелски мотор како и 3,0 литарски V6 дизелски мотор со милд хибридна технологија.

Audi Q5 Sportback

Во ентериерот доминира 10,1 инчниот MMI екран како и 12,3 инчниот виртуелен кокпит. Сето тоа е дел од новниот MIB 3 инфотејнмент систем кој меѓудругото располага со последната генерација на Apple CarPlay и Google Android Auto .

Audi Q5 Sportback

Овој модел и натаму ќе продолжи да се произведува во Сан Хозе, Мексико. Во фабриката во Чангчун, Кина оваа верзија ќе се произведува со поголемо меѓуоскино растојание со што ќе ја добие додавката L. Производството и продажбата стартува следната година, а засега останува непозната цената.

 

[totalpoll id=”43475″]

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK