Audi продолжи со производството во Унгарија

ОБЈАВЕНО НА:

Audi објави дека продолжува со производството во својата фабрика лоцирана во близина на унгарски Ѓер.

Германскиот производител на 18 јануари го прекина производството поради недостаток на автомобилски компоненти, проблем со кој се соочија бројни производители на автомобили.

Директорката за комуникации на Audi Hungaria, Моника Чехмајстер за медиумите потврди дека погонот за производство во Ѓер работи под полна пареа и во моментов нема проблеми со испораката на возила.

Инаку во оваа фабрика, Audi ги произведува моделите A3 и Q3.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK