Audi побара помош од Rimаc

ОБЈАВЕНО НА:

Според информациите кои ги објавуваат медиумите од Велика Британија, Audi стана уште една голема компанија која сака да соработува со Rimac. Како што е општо познато Audi сака да го пензионира својот најатрактивен модел, бензинецот R8 V10, но процесот на електрифицирање не оди со посакуваниот интензитет.

Важно е навреме да се има и електрична замена за споменатиот автомобил, а во таа приказна влегуваа Rimac  и неговата технологија којаби требала да овозможи оптимален развој на наледникот, моделот RS e_Tron.

Покрај тоа информациите говорат и дека моделот е во планот за 2023 година, а ќе се склопува во фабриката на Audi близу Хејлброн, каде што се создаваат моделите A6/A7 и A8.

Според информациите од неименуван извор близок на Audi, новиот електричен купе би имал четири електромотори и околу 700 kW/950 коњски сили, а тоа значи дека до стотка би можел да стигне за 2,5 секунди. Опсегот со батериите со капацитет од 95 kWh ќе биде околу 500 километри. Она што е важно, почетната цена на овој брз и лесен двосед не би требала да помине 200.000 евра.

Audi петставува најголем улов за Rimac. После Pininfarinа, Aston Martin и Porsche, оваа компанија влезе во преговори и со Bugatti, а потенцијален партнер е и Lamborghini. Најверојатно VW концернот ќе претставува лост кога е во прашање електромобилноста, која ќе се бара во Rimac, барем кога се во пашање автомобилите со високи перформанси.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK