Audi откри повеќе детали за договорот со FAW

ОБЈАВЕНО НА:

Во октомври минатата година Audi потпиша договор за заедничко вложување со кинескиот производител FAW. Сега, по неколку месеци се објавија повеќе информации околу ова партнерство.

Audi откри дека партнерството се однесува на производство на електрични возила наменети за локалниот пазар, возила кои ќе се базираат на PPE (Premium Platform Electric) платформата развиена со Porsche.

Во новата компанија Audi-FAW лоцирана во Чангчун, мнозинска сопственост ќе поседува AAudi и тоа 60%, а ова за германскиот производител е прво заедничко вложување односно партнерство каде мнозинството на сопственост е негово.

Официјализирањето на договорот, а со тоа и стартот на работата на Audi-FAW се очекува да се случи не подоцна од март годинава. Првите резултати од партнерството треба да бидат видливи кон втората половина на следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK