Audi нема да изложува на саемот во Детроит в година

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилските саеми во последните години губат на популарност. Откако Opel, Peugeot, Nissan, Honda, BMW и многу други авто производители објавија дека ќе отсуствуваат од некои од светски познатите саеми за автомобили, и Audi го редуцира настапот на овој вид на изложба.

Според последните информации германскиот производител нема да настапи на следниот саемот во Детроит кој е закажан за јануари следната година. Причина за ваквата одлука се премногу високите трошоци поврзани со изложба на овој саем кој според шпекулациите истите достигнуваат и до 10 милиони евра.

Од друга страна и ефектот од присуството на саемит полека се губи, а автопроизводителите се насочуваат се повеќе кон нетрадиционалните начини на промоција на возилата кој се многу поевтини, а се докажуваат и како поефикасни.

Инаку Audi е само еден во низата производители кои нема да настапат на овој саем. Претходно беше потврдено дека на овој саем нема да настапат Porsche, Jaguar, Land Rover, Mazda, Volvo, Mercedes и BMW.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK