Audi најде начин како да се нанeсуваaт две бои во еден процес на фарбање

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Audi конечно го разреши проблемот околу нанесувањето на две бои истовремено. Како што пренесуваат германските медиуми, центарот за развој и иновации на Audi осмислил роботи со кои се унапредува процесот на наносување на бои на автомобилот.

Со ова, како што се компликуваат процесите на производство поради напредната технологија, конечно се намалува компликуваноста на еден процес кој во пракса одзима многу време. Сето тоа благодарение на роботиката развиена од Audi кој како и останатите авто производители имаа(т) сериозен проблем кога е во прашање процесот на фарбање.

Како досега функционираше нанесувањето? Главната боја се нанесува прва, а потоа откако истата ќе се засуши следи процес на маскирање и нанесување на втората боја. Околу спојот на двете бои потребно е да се вложи труд бидејќи во спротивно двете бои може да се измешаат.

Со оваа иновација на Audi истовремено е овозможено наносување на две бои, а при тоа елиминирајќи го ризикот од мешање на боите и губење на нивниот сјај и визуелан одлика. Во моментов оваа метода се користи кај автомобили со црна примарна боја на каросеријата.

Сепак овој метод се уште не се користи кај сериското производство, а од Audi велат дека тоа ќе започне да се користи во целото производство кон крајот на оваа година кога и ќе заврши во целост фазата на развој и тестирање.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK