Audi ќе се фокусира повеќе на СУВ сегментот

ОБЈАВЕНО НА:

Во иднина половина од вкупниот број на продадени возила од брендот на Audi би можеле да бидат СУВ автомобили. До 2019 година СУВ понудата на Audi ќе се зголеми на седум модели од сегашните четири. Во моментов една третина од продажбата се СУВ возила, а во Кина тој процент е 40 отсто и 47 отсто во САД.

Следната година Audi ќе го претстави моделот Q8 што ќе биде знаменосец во СУВ, а истиот се базира на покажаниот концепт на саемот во Детроит годинава. Audi покажа нова верзија од тој концепот со 48 волтна хибридна технологија на саемот во Женева.

В година ќе пристигне и e-tron електричниот СУВ, потоа следуваат Q4 компактното купе во 2019 година. Q4 ќе го има изгледот од TT Offroad концептот покажан на саемот во Пекинг во 2014 година.
Во моментов Audi е фокусиран на Q5 моделот што е промовиран, а в година ќе стигне и замената за Q3. лани беше понуден и Q2 компактниот СУВ.
Во 2016 година Audi продал 622.000 СУВ возила, а прв на листата е Q5 со 278.968 возила.

Во последните 10 години, СУВ уделот во понудата на Audi е повеќекратно зголемена, од 6 отсто во 2006 година па 18 отсто во 2011 и 33 отсто во 2016 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK